Taken 2 и Wreck-It Ralph од утре во кино Синеплекс

Taken 2 и Wreck-It Ralph од утре во кино Синеплекс

Оваа недела на кино програмата на Синеплекс ќе се најдат уште неколку нови светски остварувања. Почнувајќи од четврток, кино програмата ќе биде збогатена со следните филмови:

Второто продолжение на филмот Taken, овој пат со своја акција во Истанбул. Во Taken 2 (96 часа: Истанбул), актерот Лијам Нисон го толкува ликот на пензиониран ЦИА агент кој е на мета на мистериозен одмаздник. Брајан (Лијам Нисон) ќе мора да го употреби својот „посебен склоп на вештини“ за да го спаси семејството од криминалците кои сакаат да ги убијат.
И оваа недела на програмата ќе се најде нов филм наменет за помладите. Студиото за анимации на Волт Дизни и добитникот на наградата Еми, режисерот Рич Мур (The Simpsons, Futurama) овие зимски празници ги водат гледачите на урнебесно, аркадно патување со анимираниот филм Wreck-It Raplh (Растури ги Ралф).

Објавено од admin на 19 December 2012, 14:00