The Hobbit 3 заработи импресивни $117 милиони на интернационалниот пазар

The Hobbit 3 заработи импресивни $117 милиони на интернационалниот пазар

The Hobbit: The Battle of Five Armies минатата недела заработи фантастични $117 милиони во 37 земји – солиден старт за последното продолжение од трилогијата на Питер Џексон. Овој резултат е подобар и од викенд-заработките во САД на претходните две продолженија ($84.6 и $73.6 милиони).

Филмот постави рекорд и за најголема IMAX заработка во месец декември ($6.4 милиони). Претходниот рекордер беше првиот дел од сагата – The Hobbit: An Unexpected Journey ($5 милиони). Кога станува збор за поединечните заработки по земји, бројките се исто така солидни: Велика Британија ($15.2 милиони), Франција ($14.5 милиони), Бразил ($17.9 милиони), Мексико ($17.9 милиони) и Русија ($13.4 милиони).

The Battle of Five Armies моментално се прикажува во киното Cineplexx, а премиерата во САД е закажана за 17-ти декември.

Објавено од admin на 15 December 2014, 12:48