Тизер постери за Teenage Mutant Ninja Turtles

Тизер постери за Teenage Mutant Ninja Turtles

Paramount денеска ги објави првите постери за новата верзија на Teenage Mutant Ninja Turtles, чиј продуцент е познатиот Мајкл Беј, а режијата е на Џонатан Лиебсман (Wrath of the Titans, Battle L.A.).

Во главните улоги ќе се појават Меган Фокс, Вил Арнет, Вилијам Фичнер, Дени Вудбурн и Ноел Фишер. Сценариото го напишаа Џош Аплбаум и Андре Немек (Mission Impossible: Ghost Protocol).

Синопсис: Од канализацијата на Менхетн, четири тренирани нинџа желки Леонардо, Рафаело, Микеланџело и Донатело, заедно со нивниот ментор Сплинтер, се борат со злобниот Шредер.

Teenage Mutant Ninja Turtles ќе се појави во кино салите на 8-ми август.

Објавено од admin на 9 April 2014, 07:42