Too Late: инди трилерот за кој треба да знаете

Too Late: инди трилерот за кој треба да знаете

Џон Хоукс од почетокот на неговата кариера па се до пред само неколку години важеше за еден од најпотценетите актери на неговата генерација.

john6

Екстремно талентиран, Хоукс изгради фантастична кариера во Холивуд и соработки со дел од најдобрите режисери, но само во споредни улоги. Во 2011-та година тој ја заработи првата номинација за Оскар, но дали може да се надева на уште една?

Па според американските медиуми, тој е сериозен кандидат за следната оскаровска кампања и покрај тоа што е дел од независниот филм Too Late. Во филмот на Денис Хаук, кој дури сега доби трејлер, Џон ќе биде Мел Сампсон. Приватен детектив кој е најмен да го открие исчезнувањето на жена од неговото минато. Покрај Џон, во Too Late ќе се појават и Вејл Блум, Роберт Фостер и Кристал Рид, а самиот филм веќе освои низа на одлични критики од филмските новинари.

john1

Премиерата во САД е закажана за 18-ти март, а до тогаш погледнете го и првиот трејлер кој беше објавен.

Објавено од admin .f24 на 26 February 2016, 08:25