Трејлер за Dark Continent – продолжението на инди хитот Monsters

Трејлер за Dark Continent – продолжението на инди хитот Monsters

Во обид да ја искористат денешната премиера на блокбастерот Godzilla на режисерот Гарет Едвардс, продукциската куќа Vertigo Films го објави првиот трејлер за Monsters: Dark Continent, продолжението на инди хитот од 2010 година, чиј режисер беше токму Едвардс (филм кој го постави на мапата во Холивуд и поради кој ја доби работата на римејкот на Godzilla).

Синопсис: Дејствието е сместено седум години по настаните во првиот филм. Во овој временски период инфицираните зони се раширени низ целата планета. Ноа е испратен на тајна мисија на Далечниот Исток, длабоко во инфицирана зона. Откако нивниот транспорт ќе биде уништен, тој останува заглавен со млад кадет, во територија полна со чудовишта.

Режисер на филмот е Том Грин (Misfits), додека сценариото го напиша Џеј Басу. Во главните улоги се појавуваат Џони Харис, Сем Кили, Џо Демпси, Софиа Боутела и Николас Пинок.

Monsters: Dark Continent ќе се појави во кино салите во септември.

Објавено од admin на 16 May 2014, 07:38