Трејлер за крими-трилерот Tokarev со Николас Кејџ

Трејлер за крими-трилерот Tokarev со Николас Кејџ

Денеска го имаме првиот трејлер за претстојниот крими-трилер со Николас Кејџ, Tokarev. Режисер на филмот е Пако Кабезас, а сценариото го напишаа Џим Агну и Шон Келер. Во останатите улоги се појавуваат Рејчел Николс, Елена Санчез, Питер Стормер и Дени Гловер.

Синопсис: Пол е поранешен криминалец кој води мирен и повлечен живот. Кога Руската мафија ќе ја киднапира неговата ќерка, Пол ја собира неговата поранешна екипа и тргнува во мисија да ја пронајде.

Tokarev сеуште нема закажан датум на премиера, меѓутоа, очекувајте да се појави на ДВД/Блу-Реј на почетокот на 2014 година.

Објавено од admin на 11 December 2013, 14:25