Трејлер за Parker со Џејсон Стетхам и Џенифер Лопез

Трејлер за Parker со Џејсон Стетхам и Џенифер Лопез

Паркер, познатиот карактер од романите на Доналд Е. Вестлејк, многу пати се појавуваше на големото платно, меѓутоа под друго име (Вокер во Point Blank, Портер во Payback). Во најновата екранизација тој го задржува неговото име, додека актерот кој го глуми е познатата акциска ѕвезда Џејсон Стетхам. Друштво во фиlмот ќе му прави и Џенифер Лопез. Приказната прати екипа на крадци кои, по успешно завршена работа, решаваат да убијат еден член од нивниот тим и да ги поделат парите од кражбата. Паркер, застрелан, но не и мртов, одлучува да ги пронајде неговите “пријатели” и да си го земе својот дел (Портер е анти-херој, меѓутоа и чесен крадец, кој никогаш не зема од сиромашите и не ги повредува невините). Погледнете го трејлерот:

Во останатите улоги се појавуваат Ник Нолти, Мајкл Чиклис и Клифтон Колинс Џуниор. Сценариото е на Џон Меклохлин (Black Swan, Man of the House), а режисер е оскаровецот Тејлор Хекфорд (The Devil’s Advocate, Ray). Премиерата е закажана за 25-ти јануари, следната година.

Објавено од admin на 4 October 2012, 08:10