Три актерки во преговори да ја глумат Сара Конор

Три актерки во преговори да ја глумат Сара Конор

Режисерот на Thor: The Dark World потпиша да го режира најновото продолжение од познатата научно франшиза Terminator, кое најверојатно ќе биде римејк. Тој веќе работи на пред-продукцијата и преговара со актери за улогите.

Еден од ликовите кои ќе се појават во филмот е и Сара Конор (во претходните изданија ја толкуваше актерката Линда Хамилтон). Сајтот The Hollywood Reporter тврди дека се познати и главните кандидатки за улогата: Емилија Кларк (Game of Thrones), Маргот Роби (About Time) и Бри Ларсон (21 Jump Street).

Други карактери кои ќе се појават во новиот филм се Џон Конор и Кајл Рис. Прв избор на режисерот Тејлор за улогата на Конор е талентираниот британски актер Том Харди (The Dark Knight Rises, Inception, Mad Max: Fury Road), додека пак Гарет Хедлунд (Tron: Legacy) преговара за улогата на Кајл Рис.

Сценариото за Terminator 5 го напишаа Лаета Калогридис (Avatar, Shutter Island) и Партик Лусие (Drive Angry 3D). Снимањето треба да започне на почетокот на следната година, а филмот ќе се појави во кино салите на 1-ви јули, 2015 година.

Објавено од admin на 11 November 2013, 10:41