ТВ спот за Teenage Mutant Ninja Turtles

ТВ спот за Teenage Mutant Ninja Turtles

Paramount денеска го објави новиот ТВ спот за Teenage Mutant Ninja Turtles,  новата екранизација на познатата детска анимирана серија, овојпат во продукција на Мајкл Беј, а во режија на Џонатан Лиебсман.

Синопсис: Од канализацијата на Менхетн, четири тренирани нинџа желки Леонардо, Рафаело, Микеланџело и Донатело, заедно со нивниот ментор Сплинтер, се борат со злобниот Шредер.

Атрактивната  Меган Фокс ја глуми новинарката Ејприл О’Нил, додека Микеланџело, Рафаел, Леонардо и Донатело ги глумат Ноел Фишер, Алан Ричсон, Пит Пложек и Џереми Хауард. Сценариото го напишаа Џош Аплбаум и Андре Немек.

Teenage Mutant Ninja Turtles ќе започне со прикажување на 28-ми август во киното Cineplexx.

Објавено од admin на 15 July 2014, 12:17