Univeral работи на нова верзија на Battlestar Galactica

Univeral работи на нова верзија на Battlestar Galactica

Во 2011, Брајан Сингер беше во преговори за режија на новата екранизација на култната ТВ серија Battlestar Galactica која се појави на малите екрани во далечната 1978 година, а имаше и успешен римејк (исто така за малите екрани) на каналот Sy Fy.

Денеска имаме нова информација за проектот. Сајтот Variety објави дека студиото Universal го најмило Џек Паглен (сценарист на претстојниот научно фантастичен трилер Transcendence) да го напише сценариото за новата филмска верзија. Сингер повеќе не е поврзан со проектот, а студиото е во потрага по нов режисер. Глен Ларсон, креаторот на оригиналната серија, ќе биде продуцент.

Приказната во Battlestar Galactica е сместена во иднината и се фокусира на исцрпувачка војна помеѓу 12-те колонии на луѓето и на кибернетска раса позната како Сајлонци.

Објавено од admin на 8 April 2014, 08:58