Вин Дизел во краткиот тизер за Riddick

Вин Дизел во краткиот тизер за Riddick

“You’re not afraid of the dark, are you?” Universal Pictures го објави првиот тизер за Riddick, најновиот филм со Вин Дизел во главната улога. Во третиот дел од познатата научно-фантастична франшиза, Ридик е предаден од својот вид и оставен на опустошена планета. Тука тој се бори со страшни предатори за да преживее и да може да се одмазди.

Како режисер и сценарист на третиот дел повторно се потпишува Дејвид Твохи. Во главните улоги се појавуваат: Вин Дизел, Карл Урбан, Кејти Сакхоф, Џорди Мола и Кери Хилсон. Riddick ќе се појави во кино салите на 6-ти септември.
Објавено од admin на 23 March 2013, 16:17