Возбудлив финален трејлер за Divegent

Возбудлив финален трејлер за Divegent

Summit денеска го објави финалниот трејлер за Divergent, филмската адаптација на популарната новела на Вероника Рот. Во главните улоги се појавуваат Шајлин Вудли, Кејт Винслет, Меги Кју, Реј Стивенсон и Зои Кравитс.

Синопсис: Приказната е сместена во иднината во Чикаго, каде општеството е поделено во пет групи. Поделбата е направена според карактерите на луѓето – искрени, храбри, интелегентни, мирни и себични. Триш Прајор е една од ретките “дивергентни”, односно не се вклопува во ниту една група. Откако случајно ќе открие заговор да се убијат сите ”дивергентни”, Триш тргнува во мисија да ги разоткрие сите инволвирани.

Режисер на филмот е Нил Бургер (Limitless), додека сценариото го напишаа Иан Догерти и Ванеса Тејлор. Divergent ќе се појави во кино салите на 21-ви март.

Објавено од admin на 5 February 2014, 08:33