Враќањето на Оби Ван?

Враќањето на Оби Ван?

Актерот Јуан Мегрегор кој ја портретираше улогата на младиот Оби ван Кеноби во приквел трилогијата на Џорџ Лукас (1999-2005), имаше мала камео улога и во The Force Awakens.

Шкотскиот актер имаше само кратка реплика како духот на легендарниот лик во Star Wars: The Force Awakens, според Twitter профилот на Kristian Harloff е во преговори да ја репризира улогата и во Star Wars: Episode VIII.

obi_van

Мегрегор преговара за поголема улога во Star Wars: Episode VIII, и тој се очекува да го портретира ликот на Оби Ван. Не е е познато до каде се преговорите, и дали тие ќе се остварат за филмот режиран од Ријан Џонсон.

Премиерата на Star Wars: Episode VIII е закажана за 15-ти декември, следната година, а до тогаш Јуан Мегрегор ќе може да го погледнеме во Our Kind of Traitor и American Pastoral.

Објавено од admin .f24 на 10 February 2016, 09:11