Втор трејлер за Furious 7 – брзи коли, експлозии и тепачки

Втор трејлер за Furious 7 – брзи коли, експлозии и тепачки

“This right here takes crazy to a whole ‘nother level!” По експлозивниот ТВ спот кој беше прикажан за време на Супербоулот, денеска го имаме и новиот официјален трејлер за Furious 7, кој ги надоградува неверојатните акциони сцени во филмот – возењето помеѓу два облакодера на Вин Дизел, тепачката помеѓу Џејсон Стетхам и Двејн Џонсон, Пол Вокер на работ на карпата и излегувањето од авион со автомобили.

Приказната повторно ја прати екипата на Дом Торето, која овојпат е “ловена” од Иан Шо, кој бара одмазда за убиството на неговиот брат (карактерот кој го толкуваше актерот Лук Еванс во Fast & Furious 6).

Режисер е Џастин Лин (The Conjuring, Insidious), а сценариото го напиша Крис Морган. Furious 7 ќе се појави во кино салите на 3-ти април.

Објавено од admin на 5 February 2015, 09:39