Warner Bros работи на нова The Matrix трилогија?

Warner Bros работи на нова The Matrix трилогија?

Поминаа 11 години откако The Matrix: Revolutions се појави во кино салите и не разочара со предвидлив крај на трилогија која започна неколку години порано со оригинален научно фантастичен филм, кој направи мини-револуција во светот на филмот со bullet-time технологијата и употребата на slow-motion акцијата.

Сајтот Latino Review денеска ја објави веста дека студиото Warner Brothers работи на нова The Matrix трилогија и дека браќата Лана и Енди Вачовски веќе го доставиле првиот драфт од сценариото. Наводно новите филмови ќе го раскажуваат креирањето на првиот Matrix.

Останува да видиме дали ова е само гласина или студиото навистина работи на нова The Matrix трилогија.

Објавено од admin на 1 March 2014, 15:38