Why so serious? Џокерот и остатокот на Suicide Squad за Empire

Why so serious? Џокерот и остатокот на Suicide Squad за Empire

The Joker, легендарниот лик кој следната година ќе го видиме во Suicide Squad, филмот на Дејвид Ајер, ја краси насловната страна на најновото издание на Empire филмскиот магазин.

Еден од најпочитуваните филмски магазини, не само што ја одвои насловната страна за Suicide Squad, туку ја посвети и содржината на самата публикација, а исто така беа објавени и повеќе нови (и до сега не-видени) фотографи од снимањето на самиот филм.

joker_in

Во улогата на Џокерот ќе можеме да го погледнеме Оскаровецот Џеред Лето, а покрај него во акциониот трилер ќе се појават и Кара Делавињ, Марго Роби, Вил Смит, Скот Иствуд, Џоел Еџертон, Џеј Кортни и одличната Вајола Дејвис. Премиерата на Suicide Squad е закажана за 5-ти август следната година, а до тогаш погледнете ги фотографиите на тимот за Empire.

suicide

suicide2

suicide3

suicide5

suicide6

suicide7

suicide8

suicide9

suicide10

Објавено од admin .f24 на 27 October 2015, 09:49