Забавен прв трејлер за трилерот Stretch

Забавен прв трејлер за трилерот Stretch

“All this weirdness that I got sucked into tonight woke me up.” Universal денеска го објави првиот официјален трејлер за акциониот трилер Stretch, на режисерот Џо Карнахан (Smokin’ Aces, The A-Team, The Grey).

Приказната го прати Стреч, депресивен шофер кој е во големи долгови. Со цел да добие екстра пари тој прифаќа да вози ексцентричен милионер на една вечер. Непотребно е да се каже дека нештата ќе се компликуваат и Стреч ќе се најде во големи проблеми.

Во главните улоги се појавуваат Патрик Вилсон, Џесика Алба, Крис Пајн, Реј Лиота, Бруклин Декер и Дејвид Хаселхоф. Stretch ќе се појави во кино салите на 7-ми октомври.

Објавено од admin на 26 September 2014, 08:27