Заборавете на Том Круз… „Супермен“ е на сетот на MI6

Заборавете на Том Круз… „Супермен“ е на сетот на MI6

Веќе пишувавме за каскадерските подвизи на Том Круз во најновото 6-то продолжение на филмската франшиза Mission: Impossible, а го претставивме и враќањето на Ребека Фергусон на сетот на филмот.

henry_in

Но, од сетот во Париз пристигнаа и првите фотографии од актерот кој за прв пат е дел од оваа франшиза. Хенри Кавил. За сега не е позната улогата која тој ќе ја портретира во Mission: Impossible 6, но познат е имиџот кој англискиот актер ќе го има во дел од филмот.

tom

Актерот попознат по улогата на Супермен, сега беше забележан со мустаќи на лицето, а на сетот тој ги снимаше и сцените заедно со колегата Том Круз. Двајцата ќе бидат дел од одлична актерка екипа, а таа ја комплетираат и Сајмон Пег, Винг Рејмс, Алек Болдвин, Ванеса Кирби и Сијан Брук. Повторно зад камерата застана Кристофер Меквејри, а Оскаровецот се погрижи и за сценариото.

tom3

Премиерата на Mission: Impossible 6 е закажана за 27-ми јули следната година, а ова е Хенри на сетот во Париз.

henry2 (2)

henry6

henry3

henry4

henry5

Објавено од admin на 2 May 2017, 07:21