Запознајте ја екипата на The Predator

Запознајте ја екипата на The Predator

Режисерот Шејн Блек минатата година ни ја претстави крими комедијата The Nice Guys со Рајан Гослинг и Расел Кроу во главните улоги.

Но, сега тој ни претстави нешто комплетно поинакво и тоа директно од неговиот Twitter продил. Блек ни ја претстави (делумната) актерската екипа на The Predator, 4-то продолжение од култната франшиза.

предатор

Бојд Холбрук, Оливија Мун, Треванти Роудс, Киган Мајкл Кеј, Стерлинг К. Браун, Томас Џејн и малечкиот Џејкоб Трембли (кого го видовме во драмата Room) се само дел од актерската екипа, а сите тие заедно со Шејн Блек позираа во промо фотографијата која тој ја објави на Twitter.

Блек заедно со Фред Декер се погрижи за сценариото, а продукцијата на филмот започна пред само 2 дена во Ванкувер. Премиерата на The Predator е закажана за 9-ти февруари, следната година и ќе има R рејтинг.

The-Predator-Shane-Black-1200x520

Објавено од admin на 22 February 2017, 10:07