Angry Birds на големите екрани – птичјиот гнев во првиот официјален трејлер

Angry Birds на големите екрани – птичјиот гнев во првиот официјален трејлер

Додека филмската публика е сеуште во исчекување на првата успешна и квалитетна адаптација на видео игра, Sony Pictures себеси си даде двоен предизвик адаптирајки игра која до пред две години се најде на речиси секој мобилен телефон насекаде низ светот. Мали и гневни, од сите мали, сега и на големите екрани.

The Angry Birds Movie е пред нас и е најавен со првиот официјален тизер трејлер кој може да ни долови малку од тоа што може да го очекуваме:

Филмот, како што може и да се очекува од адаптација на мобилна видео игра, нема голема сличност со изворниот заразен материјал, а во него ќе можеме да ги видиме, поточно чуеме Џејсон Судекис кој го позајмува гласот на гневната птица Ред, Џош Гад на брзата Чак и Дени МекБрајд на експлозивната Бомб.

Без разлика дали филмот изгледа добро или не и сосема небитно дали е содржаен или просто празен, дефинитвно ќе ги преполни кино салите и ќе собере голема сума на пари.

Официјалната премиера на The Angry Birds Movie е закажана за 20-ти мај, следната година.

Објавено од Мартин Чалакоски на 24 September 2015, 08:10