Inside out денеска со премиера. Најдоброто од Pixar во прилог

Inside out денеска со премиера. Најдоброто од Pixar во прилог

Се чини дека Pixar, студиото кое е познато по своите амбициозни проекти и приказни со уникатни карактери и силни емоции, кои иако навидум така наликуваат, никогаш не се „цртани“ за деца, годинава ќе го доживеат еипологот на својот најголем и најамбиционзен подвиг. За прв пат во својата историја Pixar има премиери на свои два филма во иста година.

Најпрвин со Inside out, анимираниот кој уште на Канскиот филмски фестивал ја импресионираше својата публика и собра неверојатно добри критики, денеска ја добива својата премиера и во кино салите на Cineplexx.

inside_out___disney_pixar-wallpaper-1366x768

Анимацијата, која според сите критики е извонреден графички едукативен материјал, чија цел е да им биде од помош на најмладите во идентификација, разбирање и справување со своите емоции, му претходи на The Good Dinosaur, кој својата премиера ја има есенва.

nkoazv5uoeiu0ycdik5i

Се чини сега како никогаш досега е можеби најдоброто време да се присетиме на најдоброто што ни го прикажа до сега ова аниматорско студио. Во прилог е листа од реномираниот Collider, на од условно кажано „најлоши“ до најдобри анимации на Pixar:

14. Cars 2 (2011)

13. A Bug’s Life (1998)

12. Brave (2012)

11. Monster’s University (2013)

10. Cars (2006)

9. Toy Story 2 (1999)

8. Toy Story (1995)

7. Ratatouille (2007)

6. Toy Story 3 (2010)

5. Up (2009)

4. The Incredibles (2004)

3. Monster’s Inc. (2001)

2. Finding Nemo (2003)

1. WALL-E (2008)

Објавено од Мартин Чалакоски на 18 June 2015, 08:55