Нов трејлер за анимираната авантура Epic

Нов трејлер за анимираната авантура Epic

Blue Sky Studios, креатори на одличните Ice Age и Rio, денеска го објавија новиот трејлер за анимираната авантура, Epic. Приказната ја прати тинејџерката Мери која случајно е транспортирана во магична шума. Таму, таа мора да се придружи на необична група на карактери, со цел да ја спасат шумата од силите на злото. Погледнете го трејлерот:

Овој анимиран филм е базиран на книгата за деца The Leaf Men, на писателот Вилијам Џојс. Режијата е на Крис Веџ (Ice Age, Robots), додека сценариото го напишаа Даниел Шер и Џејмс В. Харт. Гласовите ги позајмуваат: Аманда Сифрид, Колин Фарел, Бијонсе Ноулс, Стивен Тајлер, Џош Хатчерсон и Кристоф Волтс. Epic ќе се појави во кино салите на 24-ти мај.

Објавено од admin на 7 March 2013, 08:58