Прв трејлер за продолжението на How to Train Your Dragon

Прв трејлер за продолжението на How to Train Your Dragon

По краткиот тизер кој се појави летото, денеска го имаме и првиот официјален трејлер за How to Train Your Dragon 2, продолжението на анимираниот хит од 2010 година.

Приказната во вториот дел продолжува пет години по оригиналот, во која Хикап и змејот Тутлес, заедно со нивните пријатели, го освојуваат небото. Кога една нивна авантура случајно ќе ги одведе до ледена пештера, која е дом на нов вид на диви змејови, необичното дуо ќе се  најде во центар на борба за зачувување на мирот.

Гласовите ги позајмуваат Џерард Батлер, Кристен Виг, Џона Хил, Кит Харингтон и Џеј Барушел. Сценариото и режијата се на Дин ДеБлоис.

How to Train Your Dragon 2 ќе се појави во кино салите на 20-ти јуни, следната година.

Објавено од admin на 20 December 2013, 08:29