Прво вирално видео за Monsters University

Прво вирално видео за Monsters University

После бројните тизер постери и првиот трејлер, студиото Pixar го објави и првото вирално видео за Monsters University, нивното најново анимирано остварување.  Видеото е всушност реклама за колеџ на чудовишта и e интересно што никаде не се спомнуваат главните ликови Мајк (Били Кристал) и Сали (Џон Гудман):

Што се однесува до филмот, Monsters University ќе ни ја прикаже приказната за студентските денови на Сали и Мајк, во време кога не биле најдобри пријатели како што ги знаеме. Мајк е машина за збoрување кој сака да се истакнува, а Сали е познат меѓу чудовиштата бидејќи доаѓа од фамилија на веќе докажани чудовишта. Филмот е режиран од Ден Скенион, додека гласовите ги позајмуваат Били Кристал, Џон Гудман, Стив Бушеми и Дејв Фоли. Премиерата за Monsters University е закажана за 21-ти јуни.

Објавено од admin на 3 January 2013, 09:54