Трејлер за анимираниот Iron Man and Hulk: Heroes United

Трејлер за анимираниот Iron Man and Hulk: Heroes United

Откако станаа добри пријатели во The Avengers, Железниот Човек и Халк повторно се појавуваат, овојпат во Iron Man and Hulk: Heroes United. Денеска го имаме трејлерот за новиот анимиран филм кој е исполнет со многу акција и хумор. Приказната се фокусира на двајца научници на Х.И.Д.Р.А. кои ја модификуваат технологијата на реакторот на Тони Старк, користејќи ја гама енергијата на Халк. Научниците го креираат познатиот негативец од универзумот на Marvel – Закс, кој мора да биде запрен од двајцата херои. Погледнете го трејлерот:

http://youtu.be/k-FmBJpycIQ

Анимираниот филм ќе се појави на ДВД и Блу-Реј на 23-ти април, следната година.

Објавено од admin на 21 October 2012, 10:05