Трејлер за Hell and Back – урнебесно патување низ пеколот

Трејлер за Hell and Back – урнебесно патување низ пеколот

Студиото кое ни ги претстави Robot Chicken и Bojack Horseman има нов проект. Станува збор за stop-motion анимацијата Hell and Back, за која денеска го имаме официјалниот трејлер.

Приказната прати двајца пријатели кои патуваат во Пеколот со цел да го ослободат нивниот пријатели. На патот ќе мора да се соочат со демони, чудовишта и Сатаната лично.

Гласовите ќе ги позајмат Мила Кунис, Мајкл Пена, Сузан Сарандон и Т.Џ. Милер. Режијата и сценариото се на Том Џианас и Рос Шуман.

Hell and Back ќе се појави во кино салите на 9-ти октомври.

Објавено од admin на 20 August 2015, 13:26