Вес Андерсон го претставува Isle of Dogs

Вес Андерсон го претставува Isle of Dogs

Одличниот Вес Андерсон веќе ни ја претстави божиќната реклама за H&M (насловена H&M: Come Together) во која имавме можност да го видиме Оскаровецот Адријан Броди.

Денеска тој за фановите го претстави најновиот проект Isle of Dogs. Stop-motion филм за кучиња кој воедно ќе биде вториот анимиран филм во кариерата на Андерсон, по Fantastic Mr. Fox од 2009-та година.

wes-anderson-600x446

Isle Of Dogs е исто така најновиот долгометражен филм за Андерсон (напишан и режиран од него) т.е. наследникот на The Grand Budapest Hotel од 2014-та година.

Филмот има импресивна актерска екипа: Брајан Кренстон, Бил Мареј, Скарлет Јохансон, Тилда Свинтон, Едвард Нортон, Џеф Голдблум, Ф. .Мареј Ејбрахам, Френсис Мекдорманд, Кортни Б. Венс, Боб Балабан, Харви Кејтел, Лив Шрејбер, Грета Гервиг и Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон.

wes_anderson_fantastic_mr_fox_image_01-600x338

Премиерата е закажана за 2018-та година, а ова е најавата за филмот токму од Вес Андерсон ( и Едвард Нортон):

Објавено од admin на 22 December 2016, 08:44