100% за Fantastic Beasts and Where to Find Them на Rotten Tomatoes

100% за Fantastic Beasts and Where to Find Them на Rotten Tomatoes

Fantastic Beasts and Where to Find Them, првиот од петте филмови од најновиот филмски серијал на писателката Џеј Кеј Ролинг, веќе ја имаше својата премиера во Канада и САД (поточно Њујорк).

beast2

Актерската екипа, режисерот Дејвид Јејтс и сценаристката Ролинг беа дел од премиерата, се прошетаа по црвениот тепих, но на само 2 дена пред да биде пуштен во кино проекција ширум светот, Fantastic Beasts and Where to Find Them ужива 100% прифатеност на агрегаторот Rotten Tomatoes. Максималната прифатеност филмот ја одржува речиси една недела, по прикажувањето на делото за филмските критичари, а консензусот на филмот е дека е забавен, „богат“ во стилот, но посебен нагласок на сценариото од Ролинг.

FANTASTIC BEASTS AND WHERE TO FIND THEM

Главната улога на волшебникот Њут Скамандер ја толкува Оскаровецот Еди Редмајн, а покрај него ќе имаме можност да ги видиме и Кетрин Вотерсон, Саманта Мортон, Езра Милер и Колин Фарел.

beats2

Објавено од admin на 15 November 2016, 09:27