Alice in Wonderland ќе добие продолжение

Alice in Wonderland ќе добие продолжение

Остварувањето на Тим Бартон од 2010, Alice in Wonderland, кое заработи повеќе од милијарда долари во кино салите низ светот, ќе добие продолжение. Студиото Disney ја најми Линда Вулвертон да го напише сценариото за вториот дел, за кој претпоставуваме пак ќе црпи инспирација од делата на писателот Луис Керол.

Приказната на која ќе се фокусира продолжението сеуште не е позната, но се шпекулира дека ќе биде базирана на Through the Looking Glass, книга напишана како продолжение на Alice in Wonderland.

Засега, не се знае дали Тим Бартон е заинтересиран за режирање на уште еден дел на Alice in Wonderland. Исто така, сеуште нема никакви информации дали Џони Деп ќе го видиме пак во улогата на Лудиот Шапкар. Филмот најверојатно ќе се појави во кино салите во 2015 година.

Објавено од admin на 12 December 2012, 09:07