Даниел Крејг планира грабеж во првиот трејлер за Logan Lucky

Даниел Крејг планира грабеж во првиот трејлер за Logan Lucky

Даниел Крејг можеби повеќе нема да го видиме во улогата на Џејмс Бонд, но затоа пак ќе го видиме во нов супер проект. Најновиот филм на Стивен Содерберг.

logan_out

А Даниел во Logan Lucky ќе биде затвореникот Џо Бенг кој треба да им помогне на триото браќа и сестри да направат грабеж. И не само грабеж, туку грабеж за време на Coca-Cola 600 трката во С. Каролина.

logan_lucky

Ченинг Тејтум ќе биде Џими Логан, Адам Драјвер ќе го глуми Клајд Логан, а Рајли Кио ќе ја портретира сестрата Мили Логан. Во останатите улоги ќе се појават и Хилари Свенк, Кетрин Вотерсон, Сет Мекфарланд, Себастијан Стен и Кејти Холмс, а премиерата е закажана за 18-ти август.

Погледнете:

Објавено од admin на 29 May 2017, 09:32