Dead Men Tell No Tales: Џони пред камерата-екипата зад неа

Dead Men Tell No Tales: Џони пред камерата-екипата зад неа

Првата фотографија од Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales е официјално објавена за фановите.

Продуцентот Џери Брукхајмер, ја објави првата фотографија од продукцијата на Pirates of the Caribbean :Dead Men Tell No Tales, 5-тиот дел од популарната филмска франшиза на Дизни. На неа, Џери заедно со дел од актерите облечени во костими на екранот го гледаат Џени Деп во улогата на легендарниот кепатан Џек Спероу.

johnny

Новиот дел ќе биде режиран од норвешкото дуо на режисери Еспен Сендберг и Јоаким Ренинг, а самото снимање започна оваа недела во Австралија.

Покрај Џони Деп во остатокот на екипата ќе имаме можност да го видиме и враќањето на Џефри Раш во улогата на капетанот Барбоса, но исто така и Кевин Мекнејли и Стивен Греам, додека пак како „новајлии“ во актерската екипа се одличните Хавиер Бардем, Брентон Твејтис и Каја Скоделарио.

Dead Men Tell No Tales ќе пристигне во кино-салите на 7-ми јули, 2017-та година, дури 6 години по On Stranger Tides, а во меѓувреме погледнете ја првата фотографија од самата продукција.

johnny3

Објавено од admin .f24 на 20 February 2015, 08:34