Џејсон е конечно на сетот на Aquaman

Џејсон е конечно на сетот на Aquaman

Џејсон Момоа можеби оваа година најпрво ќе го видиме како Артур Кари/Aquaman во блокбастерот Justice League, но тој заедно со колегата Патрик Вилсон пристигнаа во Австралија за продукцијата на Aquaman соло филмот.

Justice-League

Во филмот режиран од Џејмс Ван ќе ги видиме и Амбер Херд, Долф Лундгрен, Вилем Дефо и оскаровката Никол Кидман во улогата на кралицата Атлана.

Папараци фотографите го уловија Џејсон и неговата импресивна физичка подготвеност за оваа улога за време на паузата од снимањето, но актерот сподели фотографии од него и од колегата Вилсон за време на заедничкото зближување во Австралија.

jason4 (2)

Премиерата на Aquaman е закажана за 21-ви декември следната година, а ова се првите фотки од Џејсон и Патрик.

jason3 (2)

jason

jason2

Објавено од admin на 21 April 2017, 09:23