Експлозии на сетот на Avengers: Infinity War во Единбург

Експлозии на сетот на Avengers: Infinity War во Единбург

Продукцијата на Avengers: Infinity War започна на почетокот на оваа година во Атланта, и се очекува таа да продолжи во наредните 6 месеци (на повеќе локации низ Шкотска), па затоа на почетокот на месецов, екипата зад филмот беше забележана во Единбург.

Папараци фотографите ги забележаа членовите на екипата на Avengers: Infinity War како ги снимаат најновите сцени во Royal Mile улиците во стариот дел на градот, а во дел од тие сцени можеа да се видат и слушнат голем број на вештачки експлозии.

infinity3

Првиот дел на Avengers: Infinity War е во режија на браќата Џо и Ентони Русо, а во него ќе имаме можност да ги видиме речиси сите ликови од филмскиот универзум на Marvel.

Покрај фотографиите од сетот, беше објавено и дека легендарниот Стен Ли веќе го снимил своето камео појавување во филмот, а за таа пригода тој се фотографираше и со Карел Гилиан (која ја портретира Небула).

Премиерата е закажана за 4-ти мај следната година, а ова се фотографиите од сетот:

infinit87

infinity

infinity2

infinity4

infinity5

infinity6

infinity7

Објавено од admin на 4 April 2017, 07:33