Exodus – нови слики од библискиот еп на Ридли Скот

Exodus – нови слики од библискиот еп на Ридли Скот

Досега видовме само една слика од амбициозниот библиски еп на Ридли Скот, Exodus: Gods and Kings. Сајтот Entertainment Weekly денеска објави уште неколку нови слики, во кои може да го видиме Кристијан Бејл како Мојсеј и Џоел Еџертон, кој ќе го глуми Фараонот Рамзез II. Тука се и Бен Кингсли (Нун) и Сигурни Вивер (Туја). Во филмот ќе се појават и Џон Тортуро, Арон Пол, Бен Менделсон и Индира Варма.

Сценариото го напишаа Адам Купер и Стивен Залиан, а режијата е на Ридли Скот (Gladiator, Kingdom of Heaven, Prometheus).

Exodus: Gods and Kings ќе се појави во кино салите на 12-ти декември.

Објавено од admin на 2 July 2014, 07:33