Хју Џекман на пат кон Итака

Хју Џекман на пат кон Итака

По денешните вести за Warner Bros и нивната желба за развивање на франшиза по Пеколот на Данте Алигиери, се чини уште една епска поема станува интерес за голема филмска продукциска куќа.

Станува збор за Lionsgate кој се во преговори со Хју Џекман за улогата на Одисеј во нивниот нов голем проект, филмската адаптација на Хомеровата Одисеја која ќе биде режирана од Френсис Лоренс, режисерот на Hunger Games серијалот, по сценарио на Питер Крег, сценаристот и соработник на Френсис за доста популарната франшиза.

Иако сеуште не е склучен официјален договор, Хју се очекува да зачекори по стапките на Хомеровиот грчки херој во неговиот долгогодишен пат кон Итака. По падот на Троја и разнесувањето на неговиот брод Одисеј доживува долгогодишно патешествие исполнето со бројни авантури, а бидејки станува збор за високо буџетен проект, се очекува филмот да презентира невиден визуелен спектакл од истите.

Имајки ја предвид огромната содржина која ја покрива Одисеја, со сигурност може да очекуваме трилогија, уште повеќе поради изборот на режисерот и материјалот од Илијадата и сцените од битката во Троја кои можат да бидат одлично надополнение.

Хју моментално ја очекува премиерата на најновата верзија за Петар Пан на Џо Рајт, Pan закажана за 9-ти октомври, а работи и на последното Wolverine продолжение кое се очекува премирно да започне со прикажување на 3-ти март, 2017 година.

Објавено од Мартин Чалакоски на 21 August 2015, 11:30