Како Расел Кроу стана „Џекил и Хајд“?

Како Расел Кроу стана „Џекил и Хајд“?

Веќе екстензивно пишувавме за The Mummy филмот кој Том Круз ќе ни го претстави следниот месец. Ви ги претставивме фотографиите од снимањето, продукциските видео материјали од каскадерските подвизи на Круз, а сега и претставуваме на еден од најважните ликови во филмот. Поточно два ликови во еден.

the-mummy-movie-image-tom-cruise-jake-johnson-600x411

Оскаровецот Расел Кроу ја толкува улогата на Докторот Хенри Џекил и неговото „алтер его“ Господинот Хајд. Како Расел се подговуваше за ова двојна улога, предизвиците од снимањето со кои тој се соочил и интервју со него и режисерот Алекс Курцман можете да најдете во продукциското видео кое е сега објавено.

Во The Mummy ќе ги видиме и Софија Боутела, Анабел Валис, Џејк Џонсон и Корни Б. Венс. Премиерата е закажана за 9-ти јуни, а ова се зборовите на Расел за Џекил и Хајд:

Објавено од admin на 17 May 2017, 09:25