Лук Бесон го претставува првиот тизер за Valerian and the City of a Thousand Planets

Лук Бесон го претставува првиот тизер за Valerian and the City of a Thousand Planets

Valerian and the City of a Thousand Planets, првото режисерско дело на Лук Бесон по Lucy (од 2014-та година) го доби првиот тизер. Со Дејн де Хан и Кара Делавињ во главните улоги, Бесон како режисер и сценарист следната година ќе се врати и на жанрот по кој е познат – епските СФ авантури.

valerian2

Valerian and the City of a Thousand Planets ќе се фокусира на мисијата на владините агенти Валеријан (Дејн де Хан) и Лорелин (Кара Делавињ) да го зачуваат мирот во Универзумот. Тие се испратени на задачата од Командантот (Клајв Овен), но нивната мисија ќе добие поинаков тек.

valerian3

Во филмот ќе ги видиме и Ријана, Џон Гудман, Итан Хоук, Херби Хенкок, Метју Касовиц и Рутгер Хаугер. Valerian and the City of a Thousand Planets беше снимен во Франција со буџет од 180 милиони долари.

M-34_VDF-23798_rv2 med-res.JPG

Премиерата е закажана за 21-ви јули, следната година, а ова е првиот тизер:

Објавено од admin на 11 November 2016, 09:45