Мет Дејмон го брани „големиот ѕид“ во 9-минутниот промо материјал

Мет Дејмон го брани „големиот ѕид“ во 9-минутниот промо материјал

Премиерата на The Great Wall, филмот во кинеска продукција со Мет Дејмон во главната улога, е на само недели пред кинеската премиера.

Премиерата на филмот во режија на Занг Јимоу ќе биде прикажан пред домашната кинеска публика на 16-ти декември (американската премиера е закажана за следната година), а на само неколку недели пред настанот пристигна и подолгиот интернационален трејлер.

Интернационалниот трејлер, заедно со повеќето клипови се компресирани во 9 минутен видео материјал, и истиот беше објавен за фановите кои со нетрпение ја очекуваат акционата авантура.

Покрај Мет Дејмон во филмот ќе ги видиме и Џинг Тијан, Педро Паскал, Вилијам Дефо, Енди Лау, а како еден од ко-сценаристите се јавува и Тони Гилрој. Мет и Тони веќе соработуваа на 3 од Bourne филмовите.

Погледнете го најновиот 9-минутен промо материјал за The Great Wall:

Објавено од admin на 1 December 2016, 09:57