Нов интернационален трејлер за Life of Pi

Нов интернационален трејлер за Life of Pi

20th Century Fox денеска го претстави интернационалниот трејлер за Life of Pi, нов филм во режија на Анг Ли (Hulk, Crouching Tiger Hidden Dragon, Brokeback Mountain). Приказната го прати тинејџерот Пи Пател, син на чувар на зоолошка градина. Тој и неговата фамилија се качуваат на брод кој плови кон Северна Америка. Откако голема олуја ќе го потопи бродот, Пи останува заглавен во чамец за спасување, заедно со хиена, зебра, орангутан и огромен Бенгалски тигар кој се вика Ричард Паркер. Погледнете го трејлерот:

Пи Пател го глуми младиот актер Сурај Шарма, кој победи три илјади актери на аудиција за улогата. Во останатите улоги се појавуваат Жерард Депардје, Тоби Мегваер и Ирфан Кан. Филмот е базиран на истоимената книга од авторот Јан Мартел. Премиерата е на 21-ви ноември, оваа година.

Објавено од admin на 23 September 2012, 13:02