Нов поглед на ѕвездите на Star Wars: The Last Jedi

Нов поглед на ѕвездите на Star Wars: The Last Jedi

Премиерата на Star Wars: The Last Jedi е закажана за крајот на годинава, но Disney и Lucasfilm внимателно го најавуваат филмот во режија на Ријан Џонсон.

Lucasfilm во соработка со Vanity Fair магазинот објавија 4 различни насловни страни на јубилејното издание на магазинот посветено на оваа филмска франшиза. На 4-ти мај франшизата креирана од Џорџ Лукас прослави 40 години од премиерата на првиот Star Wars филм насловен A New Hope.

Star_Wars

На една од насловните страни од магазинот може да се погледне и актерката Кери Фишер која ќе ја репризира улогата на генерал Леа Органа. Фишер почина во декември минатата година.

Во филмот ќе ги видиме и Дејзи Радли, Оскар Ајсак, Џон Бојега, Адам Драјвер, Бенисио дел Торо, Лора Дерн, Доналд Глисон, Лупита Нјонго, а премиерата е закажана за 15-ти декември.

star-wars-cover-2017-VF-01

star-wars-cover-2017-VF-02

star-wars-cover-2017-VF-03

star-wars-cover-2017-VF-04

Објавено од admin на 25 May 2017, 09:07