Објавен датумот на премиера на римејкот на Ben-Hur

Објавен датумот на премиера на римејкот на Ben-Hur

Пред една година објавивме дека студиото MGM работи на римејк Ben-Hur, еден од најдобрите филмови на сите времиња и добитник на 11 Оскари во далечната 1959 година. Новата верзија ќе биде верна адаптација на книгата од 1880 година Ben-Hur: A Tale of the Christ, од авторот Ли Волис (третата најпродавана книга на сите времиња – по Библијата и Однесено со Виорот).

Режисер на филмот ќе биде русинот Тимур Бекмамбетов (Wanted, Abraham Lincoln: Vampire Hunter), а сценариото го напишаа Кит Кларк и Џон Ридли (12 Years a Slave). Продуценти се Марк Бурнет и Рома Дауни (The Bible, Son of God).

MGM денеска го објави и датумот на премиера – 26-ти февруари, 2016 година. Наскоро очекувајте и информации за актерската екипа.

Објавено од admin на 28 April 2014, 11:59