Официјалниот трејлер за Blade Runner 2049 е фантастичен! Ѕирнете го!

Официјалниот трејлер за Blade Runner 2049 е фантастичен! Ѕирнете го!

По двата кратки тизери, конечно пристигна и првиот официјален трејлер за Blade Runner 2049.

Трејлерот нуди многу тензија, акција, а ни нуди поглед, на двата главни ликови но и на речиси сите останати во долго очекуваното продолжение. Тој на Рик Декард (игран од Харисон Форд) и на офицерот К (игран од Рајан Гослинг).

ryan

Покрај Рајан и Харисон, во останатите улоги ќе ги видиме и Џеред Лето, Дејв Баутиста, Робин Рајт, Мекензи Дејвис, Ана де Армас, Беркхад Абди, но и појавување на Едвард Џејмс Олмос од оригиналната актерска екипа.

На местото на Ридли Скот од оригиналниот филм, сега застана канадскиот режисер Денис Виленвју, кој минатата година ни го прикажа одличниот Arrival, а премиерата на Blade Runner 2049 е закажана за 6-ти октомври.

Погледнете.

Објавено од admin на 9 May 2017, 07:34