Пеколот на Данте е во Inferno – прв трејлер

Пеколот на Данте е во Inferno – прв трејлер

По напорните месеци снимање во Италија (поточно Фиренца) и Будимпешта, Унгарија, пристигна првиот тизер за Inferno, најновата соработка на oскаровците Том Hенкс и Рон Хауард.

tom3

По пауза од In the Heart of the Sea, Рон Хауард повторо се враќа зад камерата, со нова адаптација на книгите од Ден Браун. Сега тоа е Inferno, нов трилер за мисијата на Роберт Ленгдон во Фиренца. Откако ќе се разбуди во болница со амнезија, Ленгдон со помош на докторката Сиена Брукс (Фелисити Џонс) ќе треба да одгатнат нови мистерии оставени како загатки во Пеколот на Данте, претставен во книгата Divine Comedy, која тој ја напишал во 14-от век.

tom

Во филмот ќе ги видиме и Овен Вилсон, Омар Сај, Бен Фостер и Ифран Кан. Премиерата на Inferno е закажана за 28-ми октомври, а ова е првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 10 May 2016, 07:38