Роберт Родригез ќе го режира Johny Quest

Роберт Родригез ќе го режира Johny Quest

Проектот кој веќе некое време Warner Bros се обидува да го реализира, филмската адаптација на авантуристичкиот цртан на Hanna-Barbera, Johny Quest, добива знаци за живот благодарение на режисер со огромент диверзитет под својот ремен, човек кој знае како да создаде фамилијарна забава во посебен стил.

robby-e1381430840622

Роберт Родригез ќе го режира филмот, првиот негов Холивудски проект после долго време посветено на независни проекти, Sin City, Spy Kids, Machete и ќе биде ко-сценарист заедно со Тери Росио, сценаристо на првите три дела од Pirates of the Caribbean франшизата и на семи успешниот Lone Ranger со Џони Дип, продолжувајќи по првичниот драфт изготвен од Ден Мазеу.

За оние кои не се запознаени со цртанот, Johny Quest e авантуристички серијал во кој  малиот истоимен карактер, заедно со татко му  Dr. Benton Quest, сцепијалниот агент Roger T. “Race” Bannon, посвоениот брат Hadji, платеникот/шпиун Jade и неговото куче Bandit имаат авантури насекаде низ светот.

Jonny_Quest_4

Во продукциските води веќе некое време лебди овој проект во чија реализација неодамна проциркулира и името на Зек Ефрон, како можен дел од актерската екипа која би стапнала во чевлите на култните анимирани карактери.

Засега без подетални дополнителни информации но со големи исчекувања и надежи:

12213106196_26e2e2904d_b

Објавено од Мартин Чалакоски на 27 May 2015, 07:37