The Penguin King 3D од утре во кино Синеплекс

The Penguin King 3D од утре во кино Синеплекс

The Penguin King 3D (Крал на пингвините 3Д), е документарен филм кој низ возбудливата приказна на еден возрасен пингвин говори за скриените и недостапни предели на Антартикот. Филмот ќе се најде на репертоарот на киното Синеплекс почнувајќи од 3. јануари.

Пределот во кој живеат пингвините на целата јужна хемисфера не е лесно да се освои и да се зачува свое место на него. Нашиот херој мора да се натпреварува со стотина други пингвини со цел да стане крал и да најде девојка за себе. Тој мора да го издржи ледот, снегот и смртоностните бранови. Мора да се бори против грабливците кои го напаѓаат од море, копно и воздух. Сепак, најголемиот тест го поминува кога ќе се случи трагедија, а неговото семејство зависи од него. Дали е доволно силен да ја издржи и најтешката задача?

The Penguin King 3D е синхронизиран и на македонски јазик.

Објавено од admin на 2 January 2013, 14:23