Warcraft – Прва слика од Orgrim Doomhammer

Warcraft – Прва слика од Orgrim Doomhammer

Филм кој со нетрпение се чека, особено од мене е филмуваната верзија на Данкан Јонс (Moon, Source Code) на епската видео игра која започна гејмерски култ со милиони фанови, Warcraft.

Премиерата за филмот за мое разочарување беше поместена, но има смисла имајки предвид дека тоа само може да допринесе кон поголем успех на бокс офисот имајки предвид дека се работи за филм кој генерално ке биде сниман со анимација и CGI. Данкан ја покажа својата маестралност во 2009тата година со инзвонредниот Moon, па така воопшто немам сомнеж во неговите одлуки во врска со продукцијата ниту пак со изведбата на нешто што секако ке привлече огромна гледаност.

За филмот се знае релатино малку и досега можевме само да зирнеме низ слики кои протекоа по интернетот и социјалните мрежи. Сега, благодарение на Wired, ја добиваме првата слика од лидерот на Орките, генералот со убиствено моќно име, Orgrim Doomhammer, кој ке биде портретиран од Роберт Казински (True Blood, Pacific Rim)

warcraft

Јонс во едно итервју, за ангажирањето на Казински вели дека барале некој кој ке биде способен да пренесе цврстина, суровост и хуморот кој ги поседува овој карактер.

CFTG16MVAAAki6D

Филмот во кој освен Макс, ке се појават и Тревис Фимел, Паола Патон, Бен Фостер и Доминик Купер, својата премиера ќе ја има Јуни, 2016та.

Објавено од Мартин Чалакоски на 20 May 2015, 11:00