Четири нови премиери во Cineplexx

Четири нови премиери во Cineplexx

АСАСИНС КРИД

Калум Линч, чиј лик го толкува Мајкл Фасбендер, открива дека е потомок на тајното друштво „Асасин“ благодарение на револуционерната технологија која ги отклучува неговите генетски сеќавања. Со нејзина помош тој ќе ги проживее авантурите на неговиот предок Агилар кој живеел во 15 век во Шпанија. Откако ќе се здобие со неверојатно познавање и моќ, Линч ќе се врати во современата доба за да им се спротистави на опасните и моќни витези-темплари. „Асасинс крид“ е една од најуспешните акциони игри на денешницата, а ова е прв филм снимен според неа. Режијата е на Џастин Курзел, а покрај Фасбендер глуми и оскаровката Марион Котијар, Мајкл Кенет Вилјамс и Џереми Ајронс.

ПАТНИЦИ

Вселенскиот број, Авалон, во неговото 120 годишно патување кон далечната колонизирана планета, транспортира 5259 патници. Бродот претрпува дефект во две комори за спиење при што два патника, Џим Престон (Крис Прат) и Аурора Дан (Џенифер Лоренс) се будат 90 години пред нивната конечна дестинација.

МАТУРА

Ромео Алдеа, физичар што живее во малечко планинско гратче во Трансилванија, ја израснал ќерка си Елиза со идејата дека штом ќе наполни 18 години, ќе замине да живее и студира во странство. Неговиот план е блиску до остварување – Елиза добива стипендија да студира психологија во Велика Британија. Само треба да ја положи матурата, формалност за толку добра ученичка. Еден ден пред испитот, Елиза се соочува со напад што би можел да и ја загрози целата иднина. Сега Ромео мора да одлучи. Постојат начини да се реши ситуацијата, но ниту еден од нив не ги вклучува принципите на кои тој, како татко, ја воспитал ќерка си.

СКРИЕНА УБАВИНА

Кога еден извршен маркетинг директор од Њујорк страда од голема трагедија, тој се повлекува од животот. Додека неговите пријатели очајно се обидуваат да воспостават контакт со него и да го вратат во живот, тој бара одговори од универзумот со пишувања писма на „Љубов, време и смрт“. Така е се додека тој не започне да добива неочекувани лични одговори со што започнува да ги разбира како и оние коишто претрпеле голема загуба можат да откријат моментни на значење и убавина.

Објавено од admin на 28 December 2016, 15:57