Men’s Night со XХX: ВРАЌАЊЕТО НА КСАНДЕР КЕЈЏ

Men’s Night со XХX: ВРАЌАЊЕТО НА КСАНДЕР КЕЈЏ

Само на 18. Јануари бидете дел од Премиерата на ХХХ – Враќањето на Ксандер Кејџ !!!

Забава и подароци за сите посетители:

Со секоја купена карта за премиерата добивате три месечна претплата на магазинот Авто Плус!
Забава со Sony Play Station

Најсреќните можат да добијат месечна чланарина во Фитнес клубот Фитнес Револуција, Месечна чланарини од Фитнес клубот Мој Тренер или пак подарок од парфимерија АНАБЕЛА.

Освежителни пијалоци како и многу други изненадувања се дел од вечерашната премиера !!!

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

Интересни факти за ХХХ:

  • Сите тетоважи што Вин Дизел ги има во првиот филм се лажни.
  • Првиот филм се снимил точно 82 дена.
  • „xXx“  е првиот филм во кариерата на Вин Дизел, во кој тој има главна улога.
  • Дизел немал возено мотор пред филмот„xXx“ , па затоа цели три месеци се подготвувал за филмот, учејќи од најдобрите мотоциклисти во светот.
  • Ерик Бана бил првиот избор за улогата на Ксандер Кејџ, но ја одбил за да глуми во комедијата The Nugget (2002).
  • Диџеите во футуристичкиот ноќен клуб се членови на транс групата Orbital.

 ЏЕКИ

„Џеки“ е портрет на еден од најзначајните и трагични моменти во Американската историја, виден прво низ очите на иконската прва дама, а потоа Жаклин Бувие Кенеди (Натали Портман). „Џеки“ не става во нејзиниот свет во деновите кои следат по убиството на нејзиниот сопруг. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, овде гледаме портрет на првата дама кога таа се бори да го воспостави наследството на нејзиниот сопруг и светот на “Камелот”, кој таа го создаде и сакаше.

ЗАСПАНАТА УБАВИЦА (БОЉШОЈ БАЛЕТ – Сателитски пренос во живо)

На својот 16ти роденден, убавата принцеза Аурора ќе добие клетва од страна на злобната Карабоса и таа ќе падне во длабок сон кој ќе трае наредните 100 години. Единственото нешто што може да ја разбуди е бакнежот од страна на вистинска љубов … Во оваа светла и магична класика, танчерите на Бољшој театарот со своите грациозни движења ќе ве однесат на патување со самовили, млада принцеза и убав принц во едно магичен царство на оваа прекрасна бајка. Московската сцена е украсена со луксузен амбиент и кореографија која им дава живот на ликовите. Овој балет не смеете да го пропуштите.

РОМЕО И ЈУЛИЈА (ОПЕРА МЕТРОПОЛИТЕН – Сателитски пренос во живо)

Виторио Григоло и Дајана Дамрау се обединуваат како љубовници во новата продукција во Гунодовото дело засновано на Шекспировата класика. Дамрау дебитира во улогата на Јулија во продукцијата на Барлет Шер со која диригира Џанандреа Носеда. Елиот Мадоре ја пее улогата на Меркуција додека Микхаил Претренко го игра Лоренцо. Шеровата поставка била премиерно прикажана во 2008 година на фестивалот во Салцбург.

Објавено од admin на 18 January 2017, 12:46