Премиера на Стадо во Cineplexx

Премиера на Стадо во Cineplexx

“СТАДО е метафора за нас глумците, па и за народот и за начинот на кој пропаѓаме морално и понекогаш не се браниме од препреките во животот“ – Никола Којо

На премиерата во CINEPLEXX која се одржа на 29 ноември, публиката имаше можност во опуштена атмосфера и лично да се запознае со главните актери на филмот СТАДО.

Смешна и сатирична комедија за животот зад камерите. Неуморни ентузијасти, слепи за објективните околности ја ставаат на коцка својата егзистенција се со цел да креираат уметничко дело. Приказна која може да биде раскажана на многу јазици, во многу држави дури во различни временски периоди.

Патот до славата на црвениот тепих на свечена премиера не е распослан со црвени рози – туку компромиси, борба па дури и склучување сојуз со ѓаволот лично.

СТАДО е базиран на вистинска приказна која баш во овие моменти се одвива околу некој сличен проект, и ќе се одвива се додека постојат уметници, и се разбира, држава каде тие уметници егзистираат.

Ова е прво режисерско дело на Никола Којо, кој ја игра и главната улога, а четворката талентирани и искусни актери ја сочинуваат уште и  Зоран Цвијановиќ, Весна Тривалиќ и Наташа Нинковиќ.

Не пропуштајте, СТАДО од 1.декември во CINEPLEXX.

Објавено од admin на 1 December 2016, 10:12