Ако сакате тенис… ќе ги обожавате овие филмови годинава

Ако сакате тенис… ќе ги обожавате овие филмови годинава

Тенисот ќе биде доминантен спорт во филмската индустрија оваа година, а како доказ се два од најочекуваните спортски филмови на годината.

mcenroe_borg

Borg/McEnroe и Battle of the sexes. Два биографски филмови кои прикажуваат тениски легенди, но и легендарното ривалство кое постоело меѓу нив.

Borg/McEnroe е биографскиот филм за ривалството меѓу Бјорн Борг и Џон Мекенро за време на Гренд Слем турнирот Вимблдон во 1980-та година. Тој турнир до ден денешен се смета за еден од најдобрите во историјата на овој спорт, а во финалето Борг успеал да го победи Мекенро во еден од највозбудливите тениски мечови. Сверир Гуднасон ќе го портретира Борг, а Шаја Лебјуф ќе биде Џон Мекенро и премиерата може да ја очекуваме есенва.

emma-stone-steve-carrell-battle-of-the-sexes

Battle of the Sexes ќе биде филмска адаптација на егзибициониот меч помеѓу Били Џин Кинг и Боби Ригс во 1973-та година. Тазе сокаровката Ема Стоун ќе ја портретира Били Џин Кинг на врвот на славата, додека пак Стив Карел ќе биде контроверзниот Боби Ригс. Во останатите улоги ќе ги видиме и Андреа Розенброу, Сара Силверман, Бил Пулман и Алан Каминг.

Премиерата е закажана за 22-ри септември.

Објавено од admin на 23 May 2017, 09:14